| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски: И во градежништвото ми одеше добро, стекнав и прекрасни пријатели

kajmak

Македонскиот претставник во шоуто „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, стана магнет за медиумите во регионот, а јавноста сака да знае за секој негов детаљ од животот пред шоуто. За српските медиуми особено е интересен периодот во кој Кајмакоски се откажал од музиката и почнал да работи во Австрија како градежен работник. Тој вели дека и во таа работа му одело фино, но, сепак, нешто му фалело…

– И тоа ми одеше баш фино. Дури станав и надзорник, но едноставно тоа не беше тоа… Таму стекнав прекрасни пријатели. Во еден момент бев и унапреден, добив и канцеларија. Меѓутоа, нешто ми недостигаше. Дури шефот ми рече дека морам да се вратам на музиката. Тогаш, ми се јави мојот пријател Антонио и ми рече: Слушај, јас те пријавив за „Икс-фактор“, а ти прави како мислиш дека треба – раскажува Кајмакоски за српски „Блиц“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top