Демонстрантите кои беа убиени на 22 јануари во центартот на Киев биле застрелани од растојание од два до три метри, изјави денеска Јуриј Татков од украинското Министерство за внатрешни работи.
Тој наведе дека експертизата покажала оти врз нив било стрелано од растојание приближно два до три метри, за што доказ се трагите од барут на облеката на жртвите.
– Утврдено е и дека истрелите биле одозгора надолу под голем агол, но досега не е одредено точното место – наведе Татков, при тоа апелирајќи до медиумите и граѓаните да споделат информации кои би довеле до расветлување на убиствата.
Опозицијата за смртта на три лица ги обвинува властите, но Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата не располага со куршуми, со какви што се убиени двајца од демонстрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



