| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинска пумпа и во Струга

benzinska pumpa

Грабежот се случил околу 3 часот, кога разбојникот влегол во просториите на бензинската пумпа „Уника“ и го вперил оружјето во вработениот К.Д. (32).

Откако го репетирал пиштолот, маскираниот арамија му рекол на вработениот да му ги даде парите, кој, пак, исплашен за својот живот, веднаш му ја фрлил чантата во која веќе биле спакувани парите од дневниот промет, околу 27.000 денари.

Разбојникот со пленот побегнал од местото, а К.Д. го пријавил случајот во полиција, која трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top