Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 84-та седница вечерва ги донесе дополнетите предлози на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници, двата во второ читање.
Владеачкото мнозинство со поддршка за законите кои вели ќе придонесат за суштинска реформа на јавната администрација и за нејзина професионализација и ефикасност.
Опозицијата, пак, оцени дека законите се носат нетранспарентно, во предвечерие на можните предвремени парламентарни избори, дека ќе го ограничат пристапот на граѓаните до работните места во јавната администрација поради бројните сетификати кои ќе им се бараат на јавните огласи и дека не нудат стратегија за јавната администрација.
Горан Сугаревски од СДСМ забележа на дефинирањето на одредени поими и класификацијата на работните места во јавниот сектор, договорите и решенијата за вработување. Оцени дека со двата закона се врши притисок врз администрацијата, дека прифатените амандмани од мнозинството нема да ги подобрат состојбите и побара одговор на прашањето колку брои јавната администрација во државата со оглед вели дека досега се кажани различни бројки од различни извори.
Заменик министерот за информатичко општетство, Марта Арсовска Томовска рече дека за двaта закона имаше опсежна комисиска и амандманска расправа и оти со нив ќе се овозможи огромен исчекор во однос на постојната состојба, ќе се изврши унификација на основните постулати на статусот на сите вработени во јавниот сектор преку модерни методи кои се користат во современите јавни администрации и модерен начин на управување со човечките ресурси кое е одлика на големите корпорации прилагодени на нашите услови и законска регулатива.
– Се надевам дека ќе ја препознаете потребата за реформи за развој на јавната администрација, која постојано треба да се развива оти само поквалитетна и попрофесинлана јавна администрација ќе успееме да ја придвижиме уште повеќе македонската економија да стане поконкурентна и да овозможиме поефикасни и поквалитетни јавни услуги за граѓаните -рече Арсовка Томовска.
Таа додаде дека во подготовката на законите во текот на две години, беше вклучена меѓу другото и ЕК, а беа консултирани добрите практики во ЕУ земјите, но и во Канада, Австралија и Нов Зеланд каде се забележани добри резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



