Британските имиграциски власти му забраниле влез во Велика Британија на францускиот комичар Деудоне Мбала Мбала.
Францускиот комичар во својата земја веќе шест пати е осомничен за расизам и за антисемитизам, поради неговите јавни настапи во Франција, како и за неговиот поздрав до публиката, што се оценува како антисемитистички, антиеврејски и расистички.
Во Велика Британија тој требало да се сретне со својот близок пријател, фудбалерот на „Вест Бронвич Албион“, Николас Анелка, кој е француски интернационалец.
Анелка е суспендиран од англиската Фудбалска асоцијација (ФА) откако на два натпревари во Премиер лигата, по постигнување на гол ја поздравуваше публиката на истиот начин, како што тоа го прави и комичарот Деудоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




