| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Шпанија заплени 900 килограми кокаин

кокаин

Шпанската полиција запленила 900 килограми кокаин кој што бил сокриен во ранци кои што пловеле по морето со уреди за следење.

– Кокаинот беше сокриен во 37 ранци кои што биле опремени со софистициран систем за следење така што подоцна можеа да се извадат од морето –  соопшти тамошната полиција.

Се верува дека дрогата бил наменета за јужниот регион Коста дел Сол кој што е популарен меѓу странските туристи.

Полицијата не навела колкава е вредноста на запленетата дрога. Запленети се и 72.000 евра, како и накит, луксузни часовници, возила и еден брод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top