
Иако полицијата уште не го открила идентитетот на киднаперот кој утринава во едно средно училиште во главниот град на Русија, Москва, киднапираше 20 ученици, го уби професорот по географија и еден полицаец, а еден рани, медиумите јавија дека киднаперот се вика Сергеј.
Полицијата потврди дека киднаперот е ученик во деветто одделение во 263. Гимназија во Москва. Тој во училиштетот влегол со оружје, за кое, според полицијата, имал дозвола.
Дозволата гласела на име на таткото на Сергеј, кој во училиштето влегол со две оружја. Од обезбедувањето на училиштето веднаш реагирале и полицијата дошла. Киднаперот се преместил на вториот кат, каде што влегол во кабинетот на професорот по географија, кој веднаш го убил, како и еден полицаец.
Според пишувањата на руските медиуми, напаѓачот ги отфрлил обвиненијата дека бил во лоши односи со убиениот професор, а бил и одличен ученик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


