| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите добија релативно лесни противници во квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација на денешната ждрепка во Барселона ги доби своите противници за квалификациите за ЕП во Полска, кои ќе се играат во септември 2015 година.
Во групата Д Македонија треба да ги одмери силите со Белгија, Белорусија и со Данска.
Пласман во Полска ќе обезбедат првопласираните од седумте групи, како и шест најдобри репрезентации што ќе бидат најдбропласирани.
Квалификациите почнуваат на 10 август и ќе траат до 27 август оваа година. Нашата репрезентација натпреварите ги почнува на домашен терен против Белгија за потоа го одигра циклусот од три натпревари на гостински терен. Прво во Данска, па во Белорусија, за на крај да завршат со Белгија на гостински терен. Последните два дуела ги играме дома во СЦ „Борис Трајковски“. Ова е одлична можност за Македонија да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања по ЕП Полска 2009 година, ЕП во Литванија 2011 година и ЕП во Словенија 213 година.

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ:

ГРУПА А: БиХ, В. Британија, Исланд, Холандија.

ГРУПА Б: Црна Гора, Израел, Бугарија, Луксембург.

ГРУПА Ц: Германија, Полска, Австрија.

ГРУПА Д: Белгија, Македонија, Белорусија, Данска.

ГРУПА Е: Чешка, Грузија, Португалија, Унгарија.

ГРУПА Ф: Летонија, Шведска, Словачка, Романија.

ГРУПА Г: Италија, Русија, Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top