| четврток, 6 декември 2018 |

Изгласан Законот за професионални војници

vojnici 2

Пратениците, со 62 гласа „за“ и еден против, денеска го изгласаа законот со кој по завршувањето на воената обврска, на професионалните војници ќе им биде понудена државна работа до пензионирање. Законот предвидува 4.000 војници да се вработат во државните институции.

Министерот за одбрана, Талат Џафери, денеска посочи дека се работи за војници кои требаше да престанат со работа во период од животот кога се чувствуваат најработоспособни и за чија обука е потрошен голем износ на буџетски средства.

Македонската влада пред две недели ги задолжи надлежните министерства да изготват законско решение за војниците, но донесе и мерка со која Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, како и Агенцијата за вработување имаат обврска да подготват законско решение со кое ќе се реши статусот на лицата кои останале без работа заклучно со 31 декември минатата година од државни фирми или фирми со доминантна државна сопственост.

Ова законско решение кое треба да биде образложено во текот на неделата, предвидува 3.000 лица да добијат по 7.100 денари, односно 34%од просечната плата остварена минатата година. Овие лица ќе добијат и здравствено осигурување. За оваа мерка се одвоени околу 4 милиони евра од државниот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top