Ретро-вечерта на „Танц со ѕвездите 2“ покрај забавните танци и музика од минатото донесе и неколку изненадувања.
Водителот Димитар Атанасовски, кој е еден од фаворитите во шоуто, првпат по долго време целосно ги избричи своите брада и мустаќи. Водителот е препознатлив по редовното одржување на својот стил на брада од „три дена“, па викендов се потсети на тоа како е да се биде без влакна на лицето.

Како е да се има влакна на главата и што беше тоа чешел, пак, се потсети актерот и водител Тони Михајловски, кој ја искористи ретро-темата и стави перика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


