| четврток, 6 декември 2018 |

Фатена шестчлена банда крадци во Кичево

kicevo

Полициската станица во Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно единаесет кривични дела тешка кражба, поднесе пријава за А.Е.(19), Ф.М.(20), И.Ј.(20), Е.Б.(37), М.К.(20) и за Г.К.(26), сите од Кичево.

Пријавените, серијата тешки кражби ги извршиле во периодот од август 2013 година до февруари 2014 година. Користејќи полесни предмети, ги оштетувале бравите и ги отварале влезните врати од куќи чии сопственици се наоѓале на привремена работа во странство.

Пријавените се лица познати извршители на вакви дела против кои и досега биле поднесувани кривични пријави за што двајца од нив биле и затворски осудувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top