| четврток, 6 декември 2018 |

Прв спортски аутлет во „Форца“

Овој викенд (8 и 9 февруари) во спортскиот центар „Форца“ ќе се случи првиот моден хепенинг на стари модели, а на теренот со своите парчиња по исклучително ниски цени ќе се претстават најголемите модни марки во  Македонија. „Келвин клајн“, „серџо тачини“, „најк“, „адидас“, „тимберленд“, „кет“, „рибок“, „чемпион“, се само дел од марките чии производи посетителите на првиот „Sport and Fashion Outlet Weekend“ ќе имаат можност да ги купат по цени за стари модели.

–  Целта на овој настан е да ѝ овозможиме на нашата популација шопинг-викенд на најдобрите спортски и модни маеки по најниски цени, кои не можат да ги најдат ниту во соседството. Фактот дека се организираат шопинг-тури за Солун и за Софија, беше наш предизвик да организираме еден ваков настан токму за викенд за да се заштедат патните трошоци кои би ги имале за шопинг надвор од Македонија, а за истите да си купат модно или спортско парче од најголемите марки кај нас – изјавува Димитар Делевски, маркетинг-директор на „Форца“.

Покрај пазарење по екстремно ниски цени, организаторите на првиот „Sport and Fashion Weekend“  најавуваат и други изненадувања за посетителите кои сѐ што треба да направат е да дојдат со желба за добар шопинг и одлична забава, со сосема мали финансиски средства во паричниците.

Повеќе информации може да погледнете и на официјалната најава за настанот на „Фејсбук“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top