| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајкуваат вработените во „Кока-кола“ во Шпанија

koka-kola-strajk

Илјадници работници во фабриките на „Кока-кола“ протестираат во Мадрид и во Аликанте, источна Шпанија, незадоволни што централата планира да ги затвори двете фабрики.

Фабриките во Мадрид и во Аликанте, каде што се полнат пијалаците, се двете од вкупно четири фабрики во Шпанија што американската компанија „Кока-кола“ планира да ги затвори, поради што без работа би можеле да останат дури 750 лица, додека 500 од нив, најверојатно, би биле преместени во други фабрики, објави агенцијата „Франс прес“.

Американската компанија минатиот месец соопшти дека зaтворањето на овие две фабрики е неопходно поради зголемување на ефикасноста, но работниците тврдат дека отказите се непотребни, бидејќи компанијата остварува профит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top