Младиот македонски пејач Виктор Апостоловски привлече големо внимание со разголената фотосесија по повод неговата најнова улога – прв амбасадор на „дурекс“ во Македонија.
За „Република“, Виктор вели дека девојчињата се срамат да покажат дека тие фотографии им се допаѓаат, но затоа, пак, неговиот инбокс е полн со љубопитни пораки.
– Откако објавив на својата фан страна на „Фејсбук“ дека сум амбасадор на „дурекс“ за Македонија, девојките многу почесто се јавуваат со пораки отколку што кликаат лајкови. Пораките најчесто се однесуваат на тоа дали имам фотографии на кои сум разголен или пиштол гол. Сето тоа ми е навистина наивно и забавно, прават денот да ми е интересен, но ги разочарувам со фактот дека на фотографиите од фотосесијата сум соблечен само од половината нагоре – вели Виктор за „Република“.
Дел од неговата задача како амбасадор на „дурекс“ е и едукацијата на младите во Македонија за важноста за користењето на заштита, пред сѐ против сексуалнопреносливи инфекции, ХИВ/СИДА и непланирана бременост. Тој вели дека со задоволство, но и одговорност, одговара на секое прашање.
– Ме прашуваат кој од лубрикантите да им ги препорачам, што е навистина прашање на вкус, а понекогаш и потреба за тоа каков производ да користат. Најчесто одговарам дека треба да пробаат од сите реквизити, па потоа да одлучат кој ќе го користат. Како што самиот слоган кажува „Love sex, Durex за убав ден во спалната соба“ – вели Виктор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.