| четврток, 6 декември 2018 |

Првите финалистки за изборот на „Зимска убавица 2014“ (ФОТО)

Викендов започна изборот за „Зимска убавица“ на Македонија 2014 во организација на модното студио „Црнокрак“.

Фото: Финалистките од ревијата во Велес

Финалистките се претставија во клубот „Пјур“ во Велес и во дискотеката „Милениум“ во Скопје. Во Велес победничка беше Ана Марија Таневска, прва придружничка Ивана Георгиевска, а втора Сара Таневска.

DSCF4557

Ана Марија Таневска

Во „Милениум“ победи Ивана Георгиевска, прва придружничка беше Ана Марија Таневска, а втора Ангела Спасовска.

DSCF4624

Финалистките од ревијата во Скопје

Турнејата на финалистките, која ќе ги опфати сите поголеми градови во земјава, продолжува наредниот викенд, сѐ до големото финале кое ќе се одржи во март.

DSCF4625

Ивана Георгиевска

Вкупната победничка, зимската убавица на Македонија за 2014 година, ќе добие право да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top