| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнала ќерката на Милорад Улемек-Легија

Полицијата во Торонто веќе два дена трага по 15-годишната Николија Луковиќ, ќерка на Милорад Улемек-Легија, пишуваат српските медиуми.

На девојчето, како што се наведува, му се губи трагата од петокот попладне.

Канадската полиција во неделата, преку телевизиската станица „СР24“, упатила апел до граѓаните да ги достават сите информации за 15-годишната Николија, која исчезнала во центарот на Торонто.

– Се молат граѓаните за помош да се пронајде Николија Луковиќ, која има кафени очи, висока е 173 сантиметри и тешка 54 килограми. Последен пат е видена во петокот околу три часот попладне. Носела темносин или црн џемпер и долен ден од тренерка – објавила канадската полиција, додавајќи дека е „загрижена за нејзината безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top