Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги.
Се очекува до крајниот рок, 31 март, да се пререгистрираат 243.000 осигуреници. Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои првпат здравствено ќе се осигуруваат по оваа основа.
Лицата од овие категории треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година. Барањата може да ги поднесат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и во истурените шалтери сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто и во Шуто Оризари.
За тетовскиот регион, како втор по големина по скопскиот, подрачната единица ќе има продолжено работно време до 18 часот.
Пререгистрацијата, како што посочуваат од Фондот, ќе продолжи и по 31 март, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно од 1 април до моментот на нивната регистрација или пререгистрација во Фондот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пререгистрацијата е за подобрување на услугите на УЈП – барем така тврдат Заев и Тевдовски
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки