| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска пејачка заглави со Даниел до 5 часот наутро

Натпреварувачите на „Икс-фактор“ веќе неколку месеци се во Белград, разделени од своите семејства и блиски, така што секој контакт со пријателите неизмерно го ценат.

Младата македонска пејачка Елена Миленковска заедно со нејзините пријатели викендов замина во Белград, па дел од својата посета искористи за да помине и во друштво на Даниел Кајмакоски.

Друштвото со гитара и песна, лудо се забавувало до раните утрински часови, а Елена веднаш се пофали на „Фејсбук“ дека ноќта ја поминала забавувајќи се со најновиот миленик на балканската публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top