| четврток, 6 декември 2018 |

Бројките од овогодишниот американски супербол

super-bowl-xlviiАко се погледнат статистиките и досегашните искуства, мега ѕвезда се станува само ако се учествува на супербол. И тоа не како рагбист, туку како забавувач на полувремето. Годинава организаторите на  најголемиот спортски натпревар на американскиот континент честа им ја доделија на Бруно Марс и на „Ред хот чили пеперс“. Осумдесетилјадната публика уживаше со старите хитови на овој бенд.

Почетокот на натпреварот, според музичката претстава, беше патриотски обоен. Хипхоп-кралицата Квин Латифа ја отпеа „Америка, прекрасна“, а по неа Рене Флеминг – оперска дива ја изведе химната со симфонискиот оркестар на Њу Џерси и хорот на американската војска.

А, еве зошто супербол е најголемиот спортски настан во САД. За време на натпреварот се изедени 22,5 милиони килограми чипс, а испиени милијарда 228 милиони литри пиво или 500 олимписки базени. Осумдесетилјадната публика на стадионот изела околу 8 илјади пици и 40 илјади хотдог-сендвичи. По кладилниците во Лас Вегас се потрошени преку сто милиони долари на обложување на суперболот. Ланскиот натпревар беше најгледаната ТВ-програма во САД во историјата со 164 милиони гледачи. Овогодишната бројка допрва ќе се утврдува. Сепак, телевизиската станица за 30 секунди реклама наплаќала четири милиони долари. И секоја секунда беше распродадена.

Во една од рекламите глуми и Раде Шербеџија. Рекламата е забомбончињата „М енд М“.

Сопственикот на победниците, Сиетл Сихокс, Пол Ален, е коосновач на „Мајкрософт“, чие богатство се проценува на 15,6 милијарди долари, а со тоа и најбогат сопственик на тим во американскиот фудбал. За тоа колку е добар неговиот тим – на полувреме водеше 22:0, а победи со 43:8.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top