Поранешен припадник на Армијата на Босна и Херцеговина, Омер Исовиќ упатил до Обвинителството на БиХ барање за подигнување истрага против српскиот претседател Томислав Николиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ поради „поттикнување на воено злосторство кон несрпско население во БиХ во периодот 1992-1995 година”, пишуваат медиумите во Сараево.
Омер Исович, според медиумските наводи, од Обвинителство на БиХ побарал да се испитаат сите релевантни податоци и сведоци, да се прегледаат видеоматеријали и написи во медиуми коишто Николиќ и Вучиќ ги доведуваат во директна врска со поттикнување на злосторства.
„На претседателот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ веќе ми се суди во Хаг за воени злосторства коишто ги сториле единиците коишто биле директно под негова контрола. Вучиќ и Николиќ во тоа време заедно со Шешељ биле најактивните активисти на партијата и со самото тоа голема е претпоставката дека биле вклучени и во одредени нечесни работи”, се наведува во барањето на Исовиќ.
Тој наводно доставил видео запис во кој сегашниот претседател на Србија го одбива орденот на четнички војвода на планината Романија, како и снимка на којашто се гледа како Шешељ и Николиќ ги обиколуваат српските позиции над опколеното Сараево.
Според сознанијата на сараевските медиуми, Обвинителството од Исовиќ добило и снимка од седница на српскиот парламент на која актуелниот вицепремиер и претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС) којашто беше формирана со излегување од радикалите на Шешељ, Александар Вучиќ зборува за бомбардирањето на НАТО на српските позиции во БиХ се заканува: „Убијте еден Србин, ние ќе убиеме стотина муслимани”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)