Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ најави дека на предвремените парламентарни избори во Србија, закажни за 16 март, ќе учествува со нов политички субјект.
Тадиќ, кој во четвркот соопшти дека ја напушта опозициската Демократската партија, при денешното гостување во емисијата „Став на Србија“ на телевизијата Прва, најави дека на изборите ќе учествува со луѓе од ДС кои „во претходните осум години ја поддржувале неговата политика и со граѓаните кои гласале за таа политка“.
Тадиќ не соопшти повеќе детали за листата со која ќе настапи на изборите, нагласувајќи дека во тек се коалициски преговори.
Белградскиот весник „Курир“ во денешниот број меѓутоа објави дека на изборите Тадиќ ќе настап со изборна листа под името „Демократски сојуз за модерна Србија“, на која покрај поранешни членови на ДС, ќе се најдат и кандидати на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) на Ненад Чанак и на партијата Заедно за Србија (ЗЗС) на Душан Петровиќ.
Според „Курир“, можно е во коалицијата предводена од Тадиќ да се вклучат и Партијата за демократска акција (СДА) на Сулејман Угљанин, Обединетите региони на Србија (УРС) на Млаѓан Динкиќ, како и уште неколку помали партии и партии на националните малцинства.
Весникот наведува дека во текот на следниве денови ДС ќе ја напушти и актуелниот партиски потпретседател Горан Ќириќ, кој со себе би можел „да повлече половина од партијата“.
Тадиќ, кој до истапувањето од ДС беше нејзин почесен претседател, на прес-конференцијата во четвртокот соопшти дека се решил на таквиот чекор поради одлуката на партијата да преговара за соработка со Новата партија (НС) на поранешниот српски премиер и некогашен демократ Зоран Живковиќ.
– Решив да истапам од членство во ДС и да дадам остава на местото почесен претседател затоа што во политичкиот блок околу ДС се враќаат луѓе кои и го донесоа епитетот на аферашка и корумпирана партија, изјави Тадиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.