Добивката на „Дајнерс клуб“, каде што е директор Божидар Јанковски, сопругот на Радмила Шеќеринска растела кога СДСМ бил на власт, пишува порталот „Денешен“.
„Денешен“ дошол до приходот на „Дајнерс Клуб“ Македонија во периодот од 2002 до 2006 година.
Приходот на Дајнерс клуб Македонија во 2002 година изнесувал скромни 66 милиони денари и компанијата остварила добивка од 2 милиони денари. Во 2003 година „Дајнерс клуб Македонија’ остварува приход од 105 милиони денари и добивка од цели 15 милиони денари, што е речиси за седум пати повеќе од добивката остварена година претходно.
Приходот на компанијата продолжува да расте и следната, 2004 година, кога се остварени 112 милиони денари и 10 милиони денари добивка. Во 2005 година остварениот приход изнесувал 113 милиони денари, додека добивката 9,5 милиони денари.
Во 2006 година, Дајнерс клуб Македонија има приход од 118 милиони денари и добивка од 3,1 милион денари, велат инфорамциите на „Денешен“.
Токму сопругата на првиот човек на Дајнерс клуб Македонија, Шекеринска во овој период беше прв човек на владиниот Секретаријат за европски прашања.
ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година приложувајќи документи од 2004 година обвини дека Радмила Шекеринска тогаш како потпретседател на владата на СДСМ и одговорна за секторот за евроинтеграции, за раководител на секторот за општи работи и буџет ја има поставено Лира Секуловска, сестра на првиот човек на Дајнерс клуб Македонија, односно нејзина золва.
-Золвата на Шекеринска е одговорна за целокупното финансиско работење на секретаријатот за европски прашања во периодот додека Радмила Шекеринска е министер на СДСМ задолжена за овој ресор. Тука се работи и за сомнеж за финансиски малверзации, обвинија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.
Ккао што пишува „Денешен“ исто така, се шпекулира и дека зголемениот приход на компанијата во овој период се должи на наводниот притисок вработените во СЕП да ги користат услугите на „Дајнерс Клуб македонија“, а не е исклучено дека истото не било пракса и во останатите државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст