Ќерката на Вуди Ален, Дилан Фароу која е посвоена го обвини познатиот режисер дека како седумгодишно девојче била сексуалено злоставувана. Таа тврди дека цел Холивуд знае што се случувало во нејзиното детство, но дека замижуваат пред вистината.
-Ме зема во раце и ме однесе во поткровјето. Ми кажа да легнам на стомак и да си играл со електричниот воз на мојот брат. Тогш сексуално ме злоставуваше. Додека го правеше тоа ми викаше дека сум добро девојче и дека тоа треба да остане наша тајна. Ми ветуваше дека ќе одам во Париз и дека ќе бидат ѕвезда во неговиот филм – напишала Дилан.
Таа додава дека Ален често правел работи кои не и се допаѓале, како што се ставање на палецот во нејзината уста, приморување да легнат заедно во кревет и ставање на главата на нејзиното тело додека била гола.
-Мислев дека тоа е вообичаено однесување на татко кон ќерка, но тоа што го правеше на таванот беше поинаку, пишува неговата посвоена ќерка.
Таа и кажала на својата мајка, Миа Фароу што се случило, по што актерката одлучила да го остави режисерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)