| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот на Словениија со препорака: најдете солуција прифатлива за двете страни

амбасадор раковец

Eдна солуција која ќе биде прифатлива и за македонската и за грчката страна препорачува словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец за да може земјава да се интегрира во ЕУ и НАТО.

– Моето мислење, а исто така и на Европската комисија е дека за последните години Македонија направи значаен чекор во реформскиот процес, но за жал прашањето за името, ние сите знаеме дека е многу значајно прашање, и оневозможува на Македонија да стане членка на НАТО и исто така да почне со преговори со ЕУ. Затоа и ние би сакале нашите македонски пријатели со вашиот јужен сосед да најдат една солуција која ќе биде прифатлива и за едната и за другата страна. Тоа е многу значајно прашање кое би требало во иднина да се реши, затоа што сакаме да ја видиме Македонија што поскоро во ЕУ и во НАТО, нагласува во неделното интервју на Радио Слободна Европа амбасадорот Раковец.

Морам да кажам, истакнува тој, дека сепак Македонија меѓу државите членки има голема поддршка и се надевам дека во иднина и тоа ќе се случи, Македонија ќе започне преговори.

– Словенија секогаш беше адвокат на Македонија во врска со нејзините евро-атлански интеграции, ние поддржуваме Македонија да стане членка и на ЕУ и на НАТО. Тоа го посакуваме и за сите држави од Западен Балкан. Во извештајот на ЕК беа забележани области во кои Македонија во иднина треба повеќе да поработи. Да поработи на реформите во областа на независноста на судството, слобода на медиумите, да се направат чекори кои ќе обезбедат демократски процеси во Македонија, изјави амбасадорот на Словенија Бранко Раковец во интервју за Радио Слободна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top