| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодираше фабрика за оружје во Црна Гора – еден повреден

gasovod eksplozija belgrad

Eдно лице е повредено при помала експлозија во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковац во Црна Гора. Повредена е шефицата на Пиротехничкиот отсек, која се здобила со изгореници на лицето и рацете, пишуваат црногорските медиуми.

Директорот на фабриката Дејан Марковиќ соопшти дека експлодирал садот со смесата на која работела жената.

– Благодарејќи на мерките за заштита избегнати се потешки последици од овој инцидент. Не е направена ниту поголема материјална штета, затоа што просторијата е максимално обезбедена, соопшти тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top