| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Бејби Петрушевска ќе има свое ток-шоу на „Алфа“

vesna petrusevska

Популарната актерка Весна Петрушевска по пауза од три години ќе има свое ток-шоу на телевизјата „Алфа“, објави „Дневник“.

Продуцент на проектот со работен наслов „ Вечер на Весна Бејби“, кој ќе почне да се емитува месецов, е Бане Поповиќ од „Томато“.
Овој телевизиски проект ќе понуди интересни содржини, а ќе се користат и материјалите од архивите на „Вртелешка“.

– Реализацијата ќе биде според сите модели на странските шоуа, а се решивме да се емитува на „Алфа“ бидејќи е единствената телевизија што имаше сенс за ваква програма. Во емисијата ќе има гости од цел Балкан. Имаме материјал каков што нема никој во Македонија, а тоа е комплетната документација на „Вртелешка“. Ќе ги изненадиме гостите со тоа што ќе им пуштаме делови од нивните гостувања пред осум или десет години, да се видат како изгледале и да слушнат што изјавувале тогаш, а каков е нивниот став денес – вели Бане Поповиќ, од „Томато-продукција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top