фото Телеграф
Возачот на возилото „Застава“ им подлегнал на повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу девет часот во Скопје на крстосницата меѓу булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ јавува Телеграф.мк.
Во сообраќајката учествувале три патнички возила и четворица пешаци кои во тој момент преминувале преку еден од булеварите.
Возилата се движеле од Битпазар кон Центар, а засега се уште се непознати причините за истата. Поради сообраќајкатат, блокиран е сообраќајот од судовите кон Битпазар и во обратна насока.
Првично три лица биле пренесени во Ургентниот центар и во Градска болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.