МЗТ Скопје по победата над Партизан минатиот викенд овојпат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада незгодната екипа на Мега Визура со 80-72. Ова е деветти триумф на „металците“ во јадранската АБА лига.
МЗТ го диктираше темпото во текот на сите 40 минути од натпреварот. Гостите од Белград не успаа ниту еднаш да дојдат во водство. Почетното водство од 7-0 го задржаа до крајот на првото полувреме со неколку осцилации во играта. Кон крајот на полувремето судиите досудија неколку чудни одлуки, најпорвин намерен прекршок на Лучиќ па потоа и техничка грешка на тренерот Мартич, но таквите одлуки само ги потивираше играчите од Аеродром кои до полувремето успеаа да го достигнат и најголемото водство 35-28.
„Металците“ во третиот период одиграа ангажирана одбрана и со неколкуте поени на Сеховиќ дојдоа до највисоката предност од 51-41. Мега Вузира во четвртиот период со серијата на нивниот најдобар играч ветеранот Ратко Варда од седум поени стигна до негатива од три поени 69-66. Сепак денеска одличниот Оташевиќ украде две топки и со смирена игра во финишот со неколку точни проигрувања ги „разбуди“ своите соиграчи кои реализираа чесни поени за да ја доведат својата екипа до втора едноподруго победа, реванширајќи му се на противникот за поразот во есенскиот дел од сезоната.
Најефикасен кај МЗТ беше Сеховиќ со 20 поени. Стојановски, Синовец и Оташевиќ дадоа по 10. Оташевиќ имаше и седум украдени топки. За Мега Визура 23 поени постигна Ратко Варда.
Следните натпревари во АБА лигата се за две недели, и тогаш МЗТ гостува во Словенија кај Крка.
Следниот викенд се игра купот на Макеоднија во кој екипата на МЗТ СКопје влегува како голем фаворит за одбрана на титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.