| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за две лица од Скопје поради уценување

Министерството за внатрешни работи до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје, со кривична пријава ги предаде С.И.(24) и Р.И.(23), двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека во периодот декември-јануари 2013/2014, С.И. сторил кривично дело „Уцена“, а Р.И. помагајќи му во извршувањето на делото, сторил кривично дело „Помагање“.

Со сторените дела, предвидени и казниви по член 259 и член 24 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти МВР, оштетиле едно малолетно лице од Скопје. На кривично правниот настан, преходело дружење помеѓу оштетената и С.И., при што пријавениот ја искористил нејзината доверба и злоупотребувајќи лозинка од нејзин профил на социјална мрежа, во периодот декември-јануари 2013/2014, ја уценувал дека ако не му даде андроид „Самсунг“, ќе изнесе во јавност компромитирачки фотографии.

По ова, тие се слушнале телефонски и се договориле оштетената и Р.И. да се сретнат пред поштата во населба Драчево, каде таа ќе му го даде андроидот. За уцените од С.И. оштетената и кажала на својата мајка, која на 23 јануари случајот го
пријавила во полициска станица, по што од страна на полициски службеници на Единицата за насилен криминал се преземени оперативно тактички мерки.

Во населба Драчево, непосредно по преземањето на телефонот од оштетената, Р.И. е лишен од слобода, а набрзо потоа е пронајден и лишен од слобода и С.И. Во дадените изјави, двајцата пријавени го потврдија извршувањето на кривичните дела, а со наредба од судија во преходна постапка во нивните домови е извршен претрес и подигнатиот материјал е предаден за понатамошна обработка во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, стои во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top