| четврток, 6 декември 2018 |

Тhe Black Keys доминираа на Греми (фото)

На 55-тото доделување на наградите „Греми”, кое се одржа вчеравечер, триумфираа рокерите Тhe Black Keys. Тие од Лос Анџелес, каде што се одржуваше ова музичко шоу, си заминаа со четири награди – најдобар рок-албум El Camino, најдобра изведба и за најдобра песна „Lonely Boy“.  Dan Auerbach, пејач и гитарист на рок-бендот е прогласен за продуцент на годината. Наградата на американската музичка индустрија за албум на годината ја добија британските фолк-рокери Mumford & Sons за албумот „Babel“.

За својот хит „We Are Young“ рок-бендот Fun доби награда за песна на годината. И Греми наградата во категоријата „Newcomer“ на годината отиде исто така во рацете на момчињата од Fun.

Греми за најдобар сингл доби белгиско-австралискиот пејач Gotye за „Somebody That I Used To Know“. Пејачката Kelly Clarkson со „Stronger“ ја освои наградата за најдобар поп-албум.

 Британската пејачка Adele, за „Set Fire to the Rain“ доби награда за најдобар поп-соло настап.

Годинава беа доделени повеќе од 80 награди. Награда доби и Paul McCartney за најдобар традиционален поп-албум за својот „Kisses On The Bottom“. К

анадскиот рапер Drake, со „Take Care“ го има најдобриот рап-албум. Kanye West и Jay-Z добија награди за најдобра рап-песна и најдобар рап-настап.

Свој камбек имаше пејачот Justin Timberlake, кој во црн костум со вратоврска-пеперутка ја изведе песната „Suit & Tie“, објавена во јануари. Аплауз за својот настап во Лос Анџелес тој доби од ѕвезди како Jennifer Lopez, Nicole Kidman, Beyoncé, Sting und Katy Perry.

 

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top