| четврток, 6 декември 2018 |

Ваучери за 48 новороденчиња од општина Кисела Вода

Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска на 48 новороденчиња од општината им додели ваучери во вредност од 6000 денари.

– И во оваа календарска година, продолжуваме со традицијата за јавно доделување ваучери за еднократна парична помош во висина од 6.000 денари на семејствата кои имаат принова. Ова говори дека нашата цел, полека но сигурно, се исполнува. А тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејства со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, рече Беличанец-Алексиќ, додавајќи дека за речиси една година се доделени 278 ваучери.

Таа најави дека еднократната финансиска помош за семејствата од општината со принова ќе се доделува се до крајот на нејзиниот мандат. Ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават
лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето, а исплатата на паричните средства се
врши по подигнувањето на ваучерот од страна на родителот.

Оваа мерка Општина Кисела Вода ја донесе минатата година и е влезена во редовната Програма за активности од областа на социјалната заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top