Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека тој и неговата Конзервативна партија ќе ја продолжат битката во Парламентот за озаконување на планот за референдум за членството на Велика Британија во ЕУ.
Изјавата на Камерон доаѓа по „двојниот неуспех“ што го доживеа околу неговата европска политика. Горниот дом на британскиот Парламент ја блокира приватната иницијатива за донесување закон за референдумо за останување или напуштање на Велика Британија на ЕУ, што го заговараат Камером и Конзервативната партија.
Официјален Париз, пак, вчера одново го информира Камерон дека нема ништо од британското барање за преиспитување и менување на веќе донесените договори на ЕУ, откако францускиот претседател Франсоа Оланд на средбата во Оксфордшир изјави дека тоа „не е приоритетно прашање“.
Конзервативците и Камерон сакаат да организираат рефереднум до крајот на 2017 година, доколку партијата успее да победи на изборите во мај идната година и сама ја формира новата британска влада. Сегашниот партнер на конзревативците во коалициската Влада, партијата Либерални демократи, е против референдумот и против напуштањето на ЕУ, означувајќи ја таа идеја како „штетна по британските интереси“.
Слична позиција има и опозициската Лабуристичка партија, па овие две партии успеаја во Домот на лордовите да ја блокираат намерата на ториевците преку „приватна иницијатива“ на еден пратеник на Конзервативната партија, да се обезбеди подршка за референдумот.
Камерон најави дека целата работа одново ќе ја врати во Долниот дом, за да се обезбеди подршката за „приватен закон“ за рефередум, но опозиционите лабуристи соопштија дека станува збор за случај без преседан. Според нив, не е во ред за евентуален референдум да одлучува сегашниот состав на Парламентот, а тој да се одржува во време кога ќе има нов состав на пратеници во Долниот дом.
Противниците на референдумот добија на сила и со француското одбивање да ги подржи барањата на Камерон за реформи на спогодбите на ЕУ, посебно деловите што се однесуваат за имиграцијата, правото и социјалните бенифиции. Британските ториевци сакаат овластувањата за овие сектори, што му се пренесени на Брисел да им се вратат назад на националните Парламенти на земјите-членки, пред евентуалното орагнизрање на референдумот, но во овој момент Велика Британија е осамена со ваквите барања во ЕУ.
Официјален Париз само потврди дека Камерон и неговите ториевци немаат сојузници во барањата за реформирање на Унијата, иако некои од тие берања заслужуваат внимание, констатира „Индепендент“ коментирајќи го вчерашниот британско-француски самит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


