Согласно Законот за тутун и тутунски производи, од денеска откупот на тутун ќе се реализира и за време на викендите, со цел интензивирање на откупот на тутунот.
Станува збор за барање од страна на тутунопроизводителите, кое преку Министерството за земјоделство беше препорачано на откупувачите и беше прифатено.
Од Тутунскиот комбинат Прилеп информираа дека ќе ја почитуваат препораката на Министерството и денеска на сите откупни пунктови ќе се реализира откуп на тутун и тоа темпо ќе продолжи и во наредните денови. И останатите компании прифатија да вршат откуп за време на викендите.
Со оваа мерка се очекува интензивирање и порано завршување на откупот на тутун. Досега се откупени околу 18 милиони килограми тутун. Од МЗШВ информираа дека и во наредните денови будно ќе се следи состојбата со откупот, апелирајќи до откупувачите за реална проценка на тутунот, согласно законските правила и утврдените мостри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


