Најмалку 60 лица загинаа во текот на вчерашниот ден при судири меѓу шиитските бунтовници и воружени припадници на сунитското племе Хашади во северниот дел на Јемен.
Според претставник на племето Хашади, кое е едно од највијателните во тој дел од Јемен, при вооружената пресметка, што се случила во еден бунтовнички камп, загинале околу 40 бунтовници и 20 племенски борци.
Во судири меѓу шиитските бунтовници и припадници на сунитските племиња во северената јеменска провиција Омран од почетокот на годинава загинале речиси сто лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.