| четврток, 6 декември 2018 |

Руската вотка го прослави 149 роденден

Токму на 31 јануари 1865 година прославениот хемичар Дмитриј Иванович Менделеев ја заштити својата докторска дисертација „За комбинација (спој) на вода со алкохол“. Ова дисертација се чува во неговиот музеј на државниот универзитет во Санкт Петербург. Во својот труд Менделеев утврдил дека изумил идеален рецепт за вотка според кој размерот на алкохолот и водата треба да биде 40:60.
За својствата на вотката и за тоа за што е таа корисна научниците се уште спорат. Едни велат дека во умерени количини вотката е добра за здравје, додека други тврдат дека е штетна за човековиот организам. Една студија објавена во британското медицинско списание The Lancet открива дека 25 отсто од руските мажи умираат пред 55 година и тоа најголем дел како последица на опивање од вотка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top