| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Џесика Паркер е новата уредничка на „Vogue“?

Популарната Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) би можела да дојде на местото на главната и одговорна уредничка на прочуеното модно списание „Vogue“, објави „Портал“. Имено, на Ана Винтур премногу ѝ се допаѓа стилот на Сара Џесика Паркер.

-Тоа е изненадувачка идеја, воопшто не е шега. Ана Винтур мисли дека Кери Бредшо еден ден би можела да ја наследи во „Vogue“, изјави изворот и во шега додаде дека споменатата актерка веќе била писателка во својата серија и носела Маноло чевли.

Покрај тоа, изворот додаде и дека Сара е „сериозен“ кандидат за таа позиција особено откако ја издаде и својата модна линија за облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top