Машиновозачот не се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај , односно, минувајќи го излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“ , предизвикал удар со товарен воз кој се движел во истиот правец, при што дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона и полесно се повредени две лица, објави „Њу тајм.мк“. Машиновозачот на патничкиот воз кој беше дел од железничката несреќа кај станицата „Рајко Жинзифов“ е осомничен за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Така процениле надлежните во истрагата која ја спроведоа по случајот.
СВР Велес денеска на 50-годишниот Р.А. му поднесе кривична пријава.
Машиновозачот не се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај , односно, минувајќи го излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“ , предизвикал удар со товарен воз кој се движел во истиот правец, при што дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона и полесно се повредени две лица.
Со наведеното, пријавениот предизвикал опасност за животот на луѓето или за имотот од значителен обем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


