| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозна кражба во Ватикан: Украдена и фрлена ткаенина со крвта на Папата Јован Павле Втори

Италијанската полиција ги приведе тројцата осомничени за кражбата на ткаенината потопена во крвта на покојниот папа Јован Павле втори.

Според наводите на медиумите, тие мислеле дека реликвијата не вреди ништо, па ја фрлиле.

-Тие не сфатиле колку таа реликвија вреди и не можат да се сетат каде ја фрлиле, пишуваат медиумите.

Други медиуми пишуваат дека полицијата ја нашла футролата од ткаенината, но не и парчето материјал, за кое се верува дека е дел од облеката која папата ја носел за време на неуспешниот атентат во 1981 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top