| четврток, 6 декември 2018 |

Чаповски: Можевме да бидеме основачи на ЕУ

Интервју со музичарот Горазд Чаповски, основач на култната македонска рок група „Мизар“, објавено во 7-от број на неделникот „Република“ (19 октомври 2012)

Го­разд Ча­пов­ски е ко­не­цот што ги по­вр­зу­ва лу­ѓе­то и иде­и­те што не­ко­гаш бea си­но­ним на име­то „Ми­зар“, гру­па што се ро­ди во пред­ве­чер­је­то на рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, учес­тву­ва­ше во оса­мо­сто­ју­ва­ње­то и бе­ше све­док и ко­мен­та­тор на тран­зи­ци­ска, рам­ков­на, пост­тран­зи­ци­ска Ма­ке­до­ни­ја. Во го­ди­на­та ко­га се од­бе­ле­жу­ва­ат 30 го­ди­ни од ос­но­ва­ње­то на „Ми­зар“, има­ме до­бар по­вод за ин­терв­ју со не­го.

Gorast-Capovski-1

Зад нас се три де­це­нии од ос­но­ва­ње­то на „Ми­зар“, име што, пред сè, се сфа­ќа ка­ко име на еден од нај­важ­ни­те ма­ке­дон­ски бен­до­ви, но, и брен­до­ви во­оп­што, мо­же­би еден од нај­до­бри­те из­воз­ни ар­тик­ли на си­те вре­ми­ња. Ка­ко од оваа ди­стан­ца гле­да­те на вли­ја­ни­е­то што го на­пра­ви­вте во вре­ме ко­га збо­ру­вав­ме срп­ски ду­ри и со тие што со­вр­ше­но нè раз­би­раа ко­га го­во­рев­ме на мај­чи­ни­от ја­зик?
Чаповски: „Ми­зар“ и, во­оп­што, аван­гард­на­та умет­нич­ка сце­на во по­ра­неш­на­та др­жа­ва, беа ло­гич­на пос­ле­ди­ца, пред сè, на еден при­ви­ден мир од 30 го­ди­ни, ка­де што ма­ке­дон­ски­от на­род има­ше мож­ност да ги из­гра­ди си­те по­треб­ни ин­сти­ту­ции на ед­на др­жа­ва, др­жа­ва-со­јуз­ник на Ан­ти­фа­ши­стич­ка­та ко­а­ли­ци­ја, по­бед­ник во Вто­ра­та све­тов­на вој­на. Ова го ка­жу­вам, пред сè, гле­да­но низ приз­ма­та де­ка ко­га ќе ги оста­виш бал­кан­ски­те на­ро­ди на ми­ра, не­кол­ку де­це­нии тие да­ва­ат од­лич­ни ре­зул­та­ти, ка­ко на по­ли­тич­ки, та­ка и на спорт­ски и умет­нич­ки план. Ко­га ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти во СФРЈ е Иво Ан­дриќ, не е ни чу­до што се по­ја­ви но­ви­от бран,еден из­во­нре­ден умет­нич­ки кон­цепт, на кој, се­ка­ко, при­па­ѓа и „Ми­зар“. Ка­ко де­те рас­те­но ме­ѓу пи­са­те­ли, се­ќа­вај­ќи се на ве­чер­ни­те бе­се­ди на Га­не То­до­ров­ски — ку­мот што ми го дал име­то Го­разд, или на из­во­нред­ни­те го­во­ри на Бран­ко Ста­врев и на Ацо Але­ксов, уште од мал зна­ев де­ка во соз­да­ва­ње­то на автен­ти­чен умет­нич­ки кон­цепт, се­ка­ко, има ло­гич­на смис­ла и упо­тре­ба­та на сопс­тве­ни­от ја­зик. „Ми­зар“ пе­е­ше уште од „Пр­во­то откро­ве­ние“ на ма­ке­дон­ски. Се­ка­ко, мо­рам да го спо­ме­нам ту­ка и Ри­сто Вр­тев, пр­ви­от фронт­мен на „Ми­зар“ и не­го­ви­от огро­мен при­до­нес во раз­ви­то­кот на ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Ина­ку, пре­сврт­ни­ца на гру­па­та бе­ше су­ди­рот со Оли­вер Ман­диќ, гла­вен уред­ник на ПГП-РТБ во 1987 го­ди­на, кој ин­си­сти­ра­ше да пе­е­ме на срп­ски за да ни из­да­де пло­ча — пр­ви­те кру­ти зна­ци на на­ци­о­на­лиз­мот ка­ко оп­штес­тве­на по­ја­ва во СФРЈ. Се­ка­ко, „чет­ни­кот“ до­би кор­па, a сло­ве­неч­ки­от „Хе­ли­дон“ ста­на из­да­вач на пр­ви­от ал­бум на гру­па­та.

Чув­ству­ва­вте ли не­прав­да што во зем­ја­ва бе­вте са­мо „оби­чен ан­дер­гра­унд“, гру­па раз­бра­на од мал број лу­ѓе, а ѕвез­ди ста­на­вте ду­ри отка­ко Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска ве при­фа­ти­ја ка­ко ка­ко не­што најз­на­чај­но што се слу­чи­ло во це­ли­от ре­ги­он?
ЧаповскиНи­ко­гаш не сум имал проб­лем ако ме раз­бе­рат мал број лу­ѓе. Гру­па­та бе­ше и соз­да­де­на ка­ко обич­на ан­дер­гра­унд гру­па, по ур­не­кот на Ник Кејв, „Џој Ди­вижн“… Ту­ка мо­рам да ги спо­ме­нам три­те кон­цер­ти што ги гле­дав во 1984 го­ди­на во клу­бот „Хевн“ (Heaven) во Лон­дон.Тоа се кон­цер­ти­те на „Ник Кејв енд д бед сидс“ (Nick Cave and the Bad Seeds), „Ајн­штур­цен­де ној­ба­у­тен“ (Einstürzende Neubauten) и Ни­ко (Nico), кои имаа пре­суд­но вли­ја­ние врз мо­јот му­зич­ки жи­вот по­на­та­му. А, тоа што нè при­фа­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја ду­ри по ус­пе­хот во За­греб и во Љуб­ља­на,тоа е кла­сич­ни­от кон­цепт на — Ма­ке­дон­че­то, не­ви­де­на фру­стра­ци­ја на по­ни­ска вред­ност. Та­ка, ко­га ќе раз­мис­ли чо­век мал­ку под­ла­бо­ко — чо­век ќе го по­све­ти це­ли­от жи­вот да ја иско­ре­ни таа фру­стра­ци­ја, ко­ја е еден вид спе­ци­јал­на вој­на про­тив ма­ке­дон­ска­та ка­у­за. Не­ли, во де­ве­де­сет­ти­те се збо­ру­ва­ше те Ма­ке­до­ни­ја не мо­же са­ма, те – мал на­род сме, не ќе сме мо­же­ле да се пре­хра­ни­ме, те не сме има­ле еко­но­ми­ја и бу­да­ла­шти­ни од се­ка­ков тип. Ве­ќе.22 го­ди­ни по­доц­на, се по­ка­жа со­се­ма спро­тив­но­то, та­ка што жел­ба­та на Са­ма­рас ќе оста­не са­мо „пу­ста жел­ба“.

Gorast-Capovski-3

Ќе за­пре ли не­ко­гаш тој син­дром на се­бе­не­по­чи­ту­ва­ње сè до­де­ка не се до­ка­же­ме во све­тот? Зо­што Ма­ке­до­ни­ја не­ма свои ре­пе­ри, па­ра­ме­три за вред­ну­ва­ње, пред сè, во му­зи­ка­та, во кул­ту­ра­та?
ЧаповскиАс­ном­ска Ма­ке­до­ни­ја, мо­ра да се приз­нае, оста­ви из­во­нре­ден бе­лег во ос­но­ва­ње на пр­ви­те кул­тур­ни ин­сти­ту­ции. Кол­ку ли са­мо кни­ги се ис­пе­ча­ти­ја, кол­ку фил­мо­ви се сни­ми­ја! Мо­ра да се приз­нае де­ка, на одре­ден на­чин, Ти­то ја под­др­жу­ва­ше ма­ке­дон­ска­та ка­у­за, кол­ку што бе­ше тоа доз­во­ли­во во то­гаш­на­та фе­де­ра­ци­ја. МАНУ бе­ше од­лич­на ба­за во соз­да­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра. Тоа што не­кои ра­бо­ти се упро­па­сти­ја во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни — од исто­ри­ски ас­пект мо­же­би оправ­да­но: вој­ни, бло­ка­ди — е со­се­ма дру­га ра­бо­та.Не­кол­ку па­ти сум ка­жал, кај нас по­сто­јат две гру­пи лу­ѓе. Ед­ни­те, кои мис­лат де­ка сè што е од ту­ка, до­маш­но, е не­ци­ви­ли­за­ци­ски, „се­љач­ки“, ду­ри и де­ка сме вар­ва­ри во спо­ред­ба со ис­пег­ла­ни­те За­пад­но­е­вро­пеј­ци. Тоа е ед­на ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­на стру­кту­ра, ко­ја се сра­ми од сво­и­те ко­ре­ни и од сво­ја­та „си­на крв се­лан­ска“, жи­ва бе­да. Од дру­га­та стра­на, има­те дру­га гру­пи­ро­вка, на ко­ја све­тог­ле­дот на жи­во­тот ѝ е од Бо­го­ро­ди­ца до Та­ну­шев­ци, ед­на бал­кан­ска тур­бо­фолк-ва­ри­јан­та, ко­ја, пак, мис­ли де­ка сè што до­а­ѓа од За­па­дот е ѓу­бре. Би­ду­вај­ќи та­ка, мно­гу е те­шко да соз­да­ваш ре­пе­ри и па­ра­ме­три во сво­ја­та кул­ту­ра на­о­ѓај­ќи се ме­ѓу овие две гру­па­ции. Осо­бе­но ка­ко „цен­тар“ — ќе те збри­шат, и ед­ни­те и дру­ги­те, поз­на­вај­ќи ја нив­на­та агре­сив­ност и про­вин­ци­ска са­мо­бен­ди­са­ност.

Ако ка­же­те де­ка из­вр­ши­вте огром­но вли­ја­ние во ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка ќе би­де не­скром­но, но ако „Ре­пуб­ли­ка“ ка­же де­ка освен во му­зи­ка­та из­вр­ши­вте огром­но вли­ја­ние и во на­чи­нот на кој до­то­гаш раз­мис­лу­ва­ше ма­ке­дон­ска­та ин­те­ли­ген­ци­ја — то­гаш тоа ќе би­де комп­ли­мент. Се чув­ству­ва­те ли „ви­нов­ни“ што пот­тик­на­вте ед­на сил­на ду­хов­на енер­ги­ја во ед­но вре­ме-не­вре­ме?
ЧаповскиКа­ко што ка­жав на по­че­то­кот, „Ми­зар“ бе­ше дел од це­ла­та аван­гард­но-анар­хи­стич­ка сце­на од по­че­то­кот на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни, исто та­ка, дел и од дви­же­ње­то „Ма­ке­дон­ска стрел­ба“. Тоа беа вре­ми­ња на про­ме­ни, вре­ми­ња на ду­хов­на и на кул­тур­на ре­во­лу­ци­ја. Го­лем дел од ма­ке­дон­ски­те ин­те­ле­кту­ал­ци не мо­жеа да го пре­поз­на­ат тоа, а и ка­ко би го пре­поз­на­ле ко­га беа са­мо слу­ги на Бел­град. „Ми­зар“ дој­де во ди­рект­на вој­на со дел од нив, кои на се­ка­ков на­чин се тру­деа да ги ми­ни­ми­зи­ра­ат гру­па­та и неј­зи­ни­те по­ли­тич­ки ста­во­ви. Исто та­ка, мо­рам да ка­жам де­ка има­ше и сил­на стру­ја што нè под­др­жу­ва­ше – Оли­вер Бе­ло­пе­та, Ве­ли­бор Пе­дев­ски, Го­ран Сте­фа­нов­ски, Љуп­чо Јо­лев­ски, ре­дак­ци­ја­та на то­гаш­но­то про­гре­сив­но спи­са­ние „Млад бо­рец“… – што, на не­ка­ков на­чин, ѝ овоз­мо­жи на гру­па­та да пре­жи­вее во тие бур­ни го­ди­ни. Проб­ле­мот со ма­ке­дон­ска­та ин­те­ли­ген­ци­ја во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни бе­ше тоа што не­ма­ше ни­ка­ква ви­зи­ја за др­жа­ва­та и за ре­ал­ни­те проб­ле­ми во то­гаш­на­та др­жа­ва, Ју­гос­ла­ви­ја. Исто ка­ко што Ти­то не­ма­ше ви­зи­ја во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни, по пот­пи­шу­ва­ње­то на ми­ров­ни­от пакт со Гр­ци­ја и со Тур­ци­ја, и да­де­ни­те 100 ми­ли­јар­ди до­ла­ри од Аме­ри­ка, ме­сто да вле­зе­ме то­гаш во НАТО и во ЕУ, со што ќе бев­ме ед­ни од ос­но­ва­чи­те. Не се знае од кои при­чи­ни, чо­ве­кот во 1955 го­ди­на го при­ма Хруш­чов во Бел­град и оти­де по па­тот на не­вр­за­ни­те. Ка­ко за­вр­ши тој пат на си­те ни е поз­на­то. Не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја за го­лем дел од то­гаш­на­та ма­ке­дон­ска ели­та бе­ше „Суд­ни­от ден“ или „Day D“ – ка­ко што ве­лат Аме­ри­кан­ци­те; Со­до­ма и Го­мо­ра, не­што нај­страш­но, на што не си сме­ел ни да по­мис­лиш, а тек обе­ди­не­та – си го на­фр­кал оба­вез­но!

Gorast-Capovski-2Не­о­дам­на бе­вте но­ми­ни­ра­ни за на­гра­да­та „Нај­до­бар про­мо­тор на Ма­ке­до­ни­ја“ ка­ко „гру­па, ко­ја има­ше клуч­но зна­че­ње во бу­де­ње­то на ма­ке­дон­ска­та са­мо­свест и во ши­ре­ње­то на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет во пре­срет на рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја и оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на РМ“. Го де­ли­те ли впе­ча­то­кот де­ка „Ми­зар“ е не­пра­вед­но за­бо­ра­вен ко­га ста­ну­ва збор за др­жав­ни по­че­сти и на­гра­ди?
ЧаповскиВо сво­ја­та три­е­се­тго­диш­на ка­ри­е­ра „Ми­зар“ има до­би­е­но са­мо две на­гра­ди. Пр­ва­та е од спи­са­ни­е­то „Млад бо­рец“, во 1988 го­ди­на, и вто­ро­то бе­ше се­га, 2011 го­ди­на, ка­ко про­мо­тор на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра. Да би­де­ме искре­ни, на­гра­ди­те се не­ка­ков вид са­ти­сфак­ци­ја за сопс­тве­ни­от труд, ме­ѓу­тоа, за ед­на му­зич­ка гру­па е бит­но да оп­ста­не и умет­нич­ки да пре­жи­вее со сво­јот кон­цепт. За ме­не нај­го­ле­ма са­ти­сфак­ци­ја е што „Ми­зар“ во мо­мен­тов има мла­да пуб­ли­ка, од 15 до 30 го­ди­ни. По­го­ле­ма на­гра­да од тоа, не по­стои. Ка­ко што ка­жав на по­че­то­кот на ин­терв­ју­то, се­ко­гаш има­ло и ќе има лу­ѓе што ќе се „шле­пу­ва­ат“, во се­кое вре­ме, и ќе про­фи­ти­ра­ат на се­ка­ков на­чин. Лич­но поз­на­вам лу­ѓе што кон кра­јот на осум­де­сет­ти­те ќе ти ги из­ва­деа очи­те по збо­рот „Ма­ке­до­ни­ја“, за се­га да би­дат нај­го­ле­ми­те па­три­о­ти. Но, тоа е жи­во­тот. Не­ма бе­га­ње од тоа.

Има­вте мож­ност да жи­ве­е­те во не­кол­ку др­жа­ви и во раз­ни ста­ди­у­ми од раз­во­јот на со­вре­ме­но­то оп­штес­тво — во не­ко­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја, во Лон­дон, во Мел­бурн и по­втор­но на ме­сто­то на по­че­то­кот, во де­неш­на Ма­ке­до­ни­ја. Низ приз­ма­та на тие искус­тва, во ка­кво вре­ме жи­ве­е­ме? Ка­кво вре­ме ни прет­стои?
ЧаповскиВо вре­ме ко­га са­мо еден про­цент од лу­ѓе­то во Аме­ри­ка го има­ат це­ли­от оп­штес­твен ка­пи­тал, не ти пре­о­ста­ну­ва ни­што дру­го освен на ста­ри го­ди­ни да ста­неш ко­му­нист, и тоа од нај­лош ра­ди­ка­лен тип, ка­ко на при­мер Троц­ки – се ше­гу­вам – што зна­чи, од на­ци­о­на­лист во мла­до­ста, ста­ну­ваш ле­ви­чар во ста­ро­ста – обра­тен про­цес, што не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка. Зна­чи, не е да­ле­ку де­нот ко­га „Вла­да­та Бил­дер­берг“ ќе ни об­ја­ви да­нок на ди­ше­ње воз­дух и на пи­е­ње во­да – тоа е во тек. Ка­кво оп­штес­тво ќе им оста­ви­ме на ид­ни­те ге­не­ра­ции е го­ле­мо пра­ша­ње, во сти­лот „да се би­де или не“, или пак „по­до­бро во гроб откол­ку роб“. Уни­шту­ва­ње­то на су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ви­те, уни­шту­ва­ње­то на бра­кот ка­ко ос­нов­на един­ка на кое би­ло оп­штес­тво, уни­шту­ва­ње­то на ве­ра­та – се сиг­на­ли по кои чо­век и не мо­же да би­де не­ка­ков оп­ти­мист. Страш­на­та ме­ди­ум­ска ма­ни­пу­ла­ци­ја, очиг­лед­но, ќе ги на­пра­ви лу­ѓе­то ро­бо­ви на ед­на свет­ска вла­да, ко­ја ќе нѐ ра­ко­во­ди нас ка­ко ро­бо­ви. Му се сме­ев­ме на Ор­вел во осум­де­сет­ти­те, но, ви­ди ти, има­ло и по­страш­но. Но, се­пак, да се на­де­ва­ме де­ка, ка­ко и се­ко­гаш, ќе по­бе­ди до­бри­на­та на чо­ве­кот, без ко­ја не мо­же да се из­гра­ди ед­но ху­ма­но и по­зи­тив­но оп­штес­тво. Ка­ко што гле­дам, др­жав­ни­от ка­пи­та­ли­зам и ре­фор­ми­те во здрав­ство­то на де­мо­кра­ти­те во Аме­ри­ка до­жи­ве­а­ја по­раз, та­ка што си­ту­а­ци­ја­та не е баш ро­зо­ва. Оба­ма, очиг­лед­но, бил кла­си­чен по­пу­ли­зам, без не­ка­кво су­штес­тве­но и ре­ал­но дејс­тву­ва­ње.

Gorast-Capovski-4

За не­це­ли две го­ди­ни, по­точ­но, са­мо не­кол­ку не­де­ли отка­ко ја про­мо­ви­ра­вте пес­на­та „Бе­ло Мо­ре“, нај­го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те, осо­бе­но тие по по­тек­ло од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја – ја до­жи­ве­а­ја ка­ко сим­бол на ед­на не­прав­да што се слу­чи во Грч­ка­та гра­ѓан­ска вој­на. Се раз­би­ра, има и та­кви што об­ви­ну­ва­ат де­ка „Бе­ло Мо­ре“ е по­ли­тич­ки ан­га­жи­ра­на пес­на за по­тре­би­те на на­ци­о­нал­на­та аген­да.
ЧаповскиСо кон­цеп­тот на ал­бу­ми­те на „Ми­зар“ ни­ко­гаш не се пра­ве­ло ком­про­мис. „Ми­зар“ има свој из­да­вач, во Сло­ве­ни­ја, ед­на од нај­го­ле­ми­те из­да­вач­ки ку­ќи во ре­ги­о­нот, „Да­лас ре­кордс“, та­ка што ду­ри и да би­де но­ви­от ал­бум му­зи­ка на тен­џе­ри­ња и на кло­по­тар­ци, плус зур­ли и та­па­ни, со пси­хо­де­лич­ни ги­та­ри — тие ќе го из­да­дат. „Бе­ло Мо­ре“ бе­ше по­све­та на мо­јот де­до Ла­зо, бо­рец на Пет­ти­от ба­тал­јон на ДАГ, и бо­рец на Вто­ра­та грч­ка бри­га­да од 1941 го­ди­на, ко­га Ма­ке­дон­ци­те и Гр­ци­те за­ед­но ги рас­ту­ри­ја, до ко­ска, Ита­ли­јан­ци­те. „Бе­ло Мо­ре“ е, на­ви­сти­на, хим­на на ед­на го­ле­ма не­прав­да, па се­ка­кво днев­но по­ли­ти­зи­ра­ње на оваа те­ма е из­лиш­но. Точ­но е де­ка се­кој умет­ник мо­же ду­ри и да ма­ни­пу­ли­ра со по­ли­тич­ки те­ми, од мар­ке­тин­шки при­чи­ни, но и тоа е доз­во­ле­но. Ка­ко што ве­ли Боб Ди­лан: „Јас пи­шу­вам по­ли­тич­ки пес­ни, но крај­ни­от ре­зул­тат е чи­ста емо­ци­ја, и ако на­ро­дот го са­ка умет­нич­ко­то де­ло, то­гаш сè е оправ­да­но“. Нај­го­лем комп­ли­мент за ме­не бе­ше ко­га се­стра Ма­кри­на (игу­ме­ни­ја во ма­на­сти­рот „Све­ти Ар­хан­гел Ми­ха­ил“ во Бе­ро­во, н.з.), ми ка­жа де­ка те­тка Пе­на, мај­ка ѝ од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, ја слу­ша пес­на­та цел ден, без пре­стан.Тоа што на „Ми­зар“ и на ВМРО во одре­ден мо­мент им се сов­пад­на­ле иде­о­ло­шки­те пог­ле­ди на све­тот е со­се­ма дру­га ра­бо­та. На при­мер, пес­на­та „Ве­лиг­ден“, ко­ја ја на­пи­шав во 1988 го­ди­на, бе­ше хит низ це­ла­та по­ра­неш­на др­жа­ва, а кол­ку што зна­е­ме, то­гаш не по­сто­е­ше ни ВМРО, ни СДСМ, а точ­но е де­ка пес­на­та то­гаш ја на­пи­шав со ин­тен­ци­ја да ѝ по­мог­не на на­ци­о­нал­на­та аген­да, но, очиг­лед­но, би­ло пре­ра­но. Исто та­ка, на при­мер, има­те еден не­дел­ник, кој по­сто­ја­но ја сла­ви срп­ска­та сце­на, а тре­ба да би­де ли­бе­ра­лен и де­мо­крат­ски, Та­кво ср­бу­ва­ње од му­зич­ки но­ви­на­ри до­се­га не­мам ви­де­но, ду­ри ни во СФРЈ.

„Наградите се некаков вид сатисфакција за сопствениот труд, но, за еден музички бенд е битно тој да опстане и уметнички да преживее со својот концепт. За мене најголема сатисфакција е што „Мизар“ во моментов има млада публика. Поголема награда од тоа, не постои“

Во 2001 го­ди­на бе­вте еден од ре­тки­те ма­ке­дон­ски ин­те­ле­кту­ал­ци што не из­бе­гаа од зем­ја­ва, мо­же­би единс­твен што по сво­ја вол­ја бе­ше бра­ни­тел. Ме­сто во Ха­ни­о­ти и во Пе­фко­хо­ри, тоа ле­то го по­ми­на­вте на Ку­ма­нов­ски­от фронт. Ако – не дај Бо­же! – по­втор­но се со­о­чи­ме со слич­на си­ту­а­ци­ја, ка­де ќе би­де Го­разд?
ЧаповскиСе­ко­гаш сум се пра­шу­вал што се слу­чи со Са­ра­е­во по тој три­умф со Олим­пи­ски­те игри во 1984 го­ди­на. Та­ков спој на ли­бе­ра­лен ка­пи­та­ли­зам и ли­бе­ра­лен со­ци­ја­ли­зам све­тот не­ма­ше ви­де­но. Со еден збор, на­ро­ди­те во по­ра­неш­на­та др­жа­ва ги че­ка­ше до­бра ид­ни­на. Во тоа вре­ме бев во вој­ска, во Уро­ше­вац, и му бев мно­гу љу­бо­мо­рен на дру­гар ми Мр­во­љак Ра­сим, ко­го по­ра­ди Олим­пи­ски­те игри го пу­шти­ја да си оди до­ма, на отсус­тво. По­доц­на од дру­гар ми Бран­ко Вр­до­љак доз­нав де­ка Ра­сим за­ги­нал за вре­ме на оп­са­да­та на Са­ра­е­во.
Да не го та­пам по­ве­ќе – на­ро­ди­те на Бал­ка­нот се­ко­гаш би­ле ко­ла­те­рал­на ште­та ко­га го­ле­ми­те си­ли „си ги ме­рат“. Та­ка и слу­чу­ва­ња­та од 2001 го­ди­на се ед­на тем­на сли­ка во исто­ри­ја­та на оваа зем­ја, ко­ја би­ла жр­тва се­ко­гаш ко­га има­ло свет­ски вој­ни и ге­о­стра­те­ги­ски по­ли­тич­ки пре­гру­пи­ра­ња. Си­гу­рен сум де­ка „2001“ е по­ли­тич­ки екс­пе­ри­мент, а ре­зул­та­ти­те се, очиг­лед­но, ве­ќе вид­ли­ви. Во се­кој слу­чај, по­до­бро е да ги гле­да­ме Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те ка­ко из­ле­гу­ва­ат среќ­ни од „Си­ти мол“ со пол­ни ке­си, откол­ку да ги гле­да­ме ка­ко се ма­чат со пу­шки в ра­це.

Разговараа: Васко Марковски и Горан Момироски
Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top