Хрватската пејачка Дорис Драговиќ, по неколку децении, на денот на вљубените повторно ќе пее во Белград. Имено, таа пред многу години, како и многу други хрватски пејачи, изјави дека никогаш повеќе нема да стапне во Србија.
Сега кога го подготвува големиот концерт на 14 февруари, српските медиуми „ја распнаа“.
Неодамна им пречеше нејзиниот настап на „Икс-фактор“, а сега решија да ги откријат сите поранешни љубовни врски на пејачката.
Според пишувањата, Дорис била лудо вљубена во покојниот командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражњатовиќ Аркан, поточно сопругот на Цеца.
Наводно, љубовта меѓу Дорис и Аркан цветала во доцните осумдесетти, пред да почнат борбите во поранешна Југославија, но по почнувањето на конфликтот нивната врска била раскината.
Дорис, која своевремено важела за една од најубавите пејачки на Балканот, а очигледно и за дама со „големо срце“, била во страсна врска и со Хари Варешановиќ – љубов, која босанскиот пејач за малку ќе го чинела и животот, пишуваат „Наше новине“.
– Дорис беше големата љубов на Хари. Тие двајца се забавуваа 1989 година, кога тој имаше 28 години. Двајцата беа вљубени еден во друг, па Дорис секоја недела доаѓаше од Хрватска во Сараево само за Хари – вели нивниот извор.
Бидејќи временски оваа врска се совпаѓа и со таа на Дорис и на Аркан, весникот пишува дека Хари имал проблем со познатиот Легија.
– Велат дека пејачот тогаш бил загрижен за својата безбедност. За овој љубевен триаголник своевремено пишуваше и познатиот хрватски „Национал“ – завршува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради него мислат дека Аркан е жив: Постојано има проблем со цариниците (галерија)
-
Аркан се швалерисувал со Јелена, а Цеца ги фатила!
-
Ми нудеа два милиони евра да ги ослободам убијците на Аркан – открива судијата
-
Кога ми е тешко, тој ми доаѓа на сон – емотивна исповед на Цеца, 23 години од венчавката со Аркан!