Македонската кошаркарска репрезентација ќе се најде во вториот барабан во квалификациите за ЕП 2015. Ждрепката ќе се одржи во Барселона в понеделник. Ова го објави Европската кошаркарска федерација (ФИБА).
Македонија е рангирана на 11. место од вкупно 29 репрезентации што ќе ги дочекаат квалификациите. Тие ќе бидат поделени во седум групи. Македонија ќе добие еден противник од првиот барабан и два од послабо рангираните репрезентации.
Пред Македонија се наоѓаат репрезентации кои аплицирале и за вајлд карта за учество на СП во Шпанија оваа година и се наоѓаат во првиот барабан. Сепак, и сите три репрезентации да добијат учество на СП, Македонија, сепак, останува во вториот барабан.
Предвидено е квалификациите да почнат од 10 август и да траат до 27 август во зависност од тоа која група колку учесници ќе има.
Појасна слика ќе се добие по понеделник кога во Барселона ќе се изврши ждребот за групите за СП, за репрезентациите што ќе добијат вајлд карта за учество и за групите за квалификациите за ЕП 2015, кое ќе се игра во Украина.
Барабан 1: Италија, Финска*, Летонија, Грција*, Белгија, БиХ*, Германија
Барабан 2: Црна Гора, Чешка, В. Британија, МАКЕДОНИЈА, Израел*, Русија*, Грузија
Барабан 3: Турција*, Шведска, Полска*, Бугарија, Белорусија, Швајцарија, Австрија
Барабан 4: Исланд, Португалија, Словачка, Данска, Унгарија, Романија, Холандија, Луксембург
Селекциите означени со * имаат поднесено барање за добивање вајлд карта за СП 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.