| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена меѓународна банда за шверц на луѓе

Австриската полиција разби меѓународен канал за шверц на луѓе преку територијата на Балканот, а меѓу уапсените се и двајца шефови на криминална организација.

Од минатиот месец се уапсени вкупно девет лица, од кои последниот е 43-годишен маж од Косово, кој е приведен во вторникот на територијата на австриската општина Лилиенфелд. Тој, според полицијата, бил одговорен за транспорт на илегалците кон Германија и Швајцарија. За овие работи ги користел услугите на три лица од Косово и едно од Србија.

Австриската полиција повеќе месеци ја следела бандата, која нелегално пренесувала луѓе од различни националности преку Србија во Унгарија, а потоа во Австрија.

Истражните власти, заедно со своите колеги на Косово и во Будимпешта, го пронашле шефот на криминалната организација, кој е уапсен заедно со уште петмина соучесници.

Во Будимпешта се пронајдени 16 осомничени, од кои двајца се уапсени.

За своите услуги, бандата наплаќала меѓу 1.800 и 2.500 евра по лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top