| четврток, 6 декември 2018 |

Кавги во „Икс-фактор“ – „4U“ пред распад

Групата „4U“, која ја создаде и е под менторство на Кристина Ковач е пред распад, тврди српски „Ало“. Имено, честите кавги помеѓу Теодора, Катерина, Вања и Лана, може многу брзо да доведат и распад на бендот.

Натпреварувачките од групата, Теодора Спаравало, Катерина Манојловиќ, Вања Мишиќ и Лана Сојиќ, воопшто не се согласуваат меѓу себе, па атмосферата во бендот и не е баш сјајна. Тие не можа да се согласат околу песните за настап, перформансот и времето за проба, а Катерина, за која многумина забележаа дека не пее доволно, сака да добие повеќе простор.

Сепак, продукцијата цели дека тоа и не е баш толку точно, бидејќи тие се тинејџерки и нормално е да имаат несогласувања, но Кристина Ковач секогаш е тука да им помогне и да им ги реши сите проблеми.

Дуото „H2O“, кое исто така беше вештачки создадено во шоуто и кое го сочинуваа Маринела Џогани и нашата претставничка Фифи, како што тие вчера изјавија во шоуто на Огнен Амиџиќ, нема да постои повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top