| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе изгледа „Тешко без тебе“ (ФОТО)

Видеоспотот за песната „Тешко без тебе“, која Тамара Тодевска ја испеа на последниот „Скопски фестивал“, веќе е во завршната продукција и наскоро ќе биде промовиран.

Во видеоспотот покрај пејачката игра и 30-годиншниот македонски актер Благој Веселинов. За изгледот на Тамара се погрижија нејзините пријатели и долгогодишни соработници, Стилистот Арменд Рамадани и креаторката Ивана Кнез.

Видеото, пак, е во режија на Мерт Аслани кој го направи и одличниот видеоспот за Димитар Андоновски и неговата балада од „Скопски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top