| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездите од поранешна Југославија на мегдан со СССР

Кошаркарски ѕвезди од поранешна Југославија на 1 февруари во салата „Пионир“ во Белград ќе одиграат пријателски натпревар со кошаркари од поранешен Советски Сојуз.
Предводници за СФРЈ ќе бидат Ранко Жеравица и Мирко Новосел, а свое присуство пријавиле и ѕвезди како Дино Раџа, Владе Дивац, Предраг Даниловиќ, Жан Табак, Миленко Топиќ, Арамис Наглиќ…

Александар Саша Ѓорѓевиќ го откажал учеството поради тоа што во тој период треба да присуствува во Барселона на одржувањето на ждрепката за Светското првенство. „Советите“ ќе настапат со Тихоненко, Тараканов, Дерјугин….
За средбата се повикани и легендите Душан Ивковиќ и Бора Станковиќ, а се очекува да се појават и Дражен Далипагиќ и Драган Кичановиќ.
Последен пат СФРЈ и СССР одиграа меѓусебен натпревар во 1990 година кога во финалето на Светското првенство поранешна Југославија триумфираше со 92-75.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top