Во рускиот Далечен Исток беа измерени 50 степени Целзиусови под нулата, соопшти националната метеоролошка служба. Во селата Ојмакон и Уст Нера во Јакутија утрово термометрите покажаа минус 55 степени, а во градот Верхојанск минус 54 степени. Во градот Сусуман, крај реката Колима и во селото Омолон во Чукотка, биле измерени 50 степени под нулата.
Училиштата на многу места во североисточниот дел на Сибир се затворени, а властите постојано даваат препораки до населението. Студениот бран ја зафати и Хабаровската област, каде температурите се спуштија до минус 46 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


