Пејачот Нолберт, од аргентинската група Алкала, го фатило силна струја за време на концерт додека тој пеел пред неколку илјада обожаватели.
Во моментот кога го фатило струја, Нолберт на бината ја пеел песната „Yo por tu amor“. Нивната изведба била дел од големиот карневал што се случува во Аргентина деновиве.
Сакајќи да се потпре на нешто за време на изведбата, тој со раката ја фатил металната шипка на бината, која очигледно била лошо изолирана. Во тој момент силна струја протекла низ неговото тело и тој паднал од бината. За степенот на јачината на струјата зборува и фактот, што во моментот на допил, од неговата рака започнал да излегува чад, и искри летале насекаде.
Сепак настанот не завршил со фатални последици, па Нолберт по неколку минути се освестил, и како вистински професионалец се вратил на бина.
„Никогаш ми се нема случено вакво нешто. Целата бина беше под напон и кога се фатив за шипката ме удри струја. За да не ме убие мораше да се фрлам од бината“, изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст