Утврден е идентитетот на терористите-самоубијци, кои ги изведоа двата терористички напади во Волгоград на 29 и на 30 декември минатата година, а се приведени се и две други лица, кои помогнале во префрлањето на терористите во градот, за ИТАР-ТАСС соопшти рускиот Национален антитерористички комитет.
Веднаш по бомбашките напади во кои загинаа 34 невини цивили, истрагата ги идентификува напаѓачите Аскер Самедов и Сулејман Магомедов, како членови на дагестанска терористичка група. Нивните имиња, меѓутоа, не беа официјално соопштени во интерес на оперативната работа, посочи истражниот комитет.
– Во Дагестан вчера беа приведени браќата Магомеднаби и Тагир Батирови, кои помогнале во префрлањето на атентаторите самоубијци во рускиот град. Потрагата по организаторите и другите соучесници продолжува – додаде порпаролот на комитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.