Англискиот четвртолигаш Бартон Албион веројатно е фудбалскиот тим со најмногу пороци на светот, секретарката Кери Милер спиела со половина тим, а голманот додека не бил меѓу стативите, работел како жиголо.
Приказната за овој необичен клуб почнала кога медиумите откриле дека 46-годишната секретарка им праќала голи слики на играчите. Покрај тоа, таа влегувала во гардеробата непосредно откако фудбалерите ќе се истуширале по завршувањето на натпреварот.
Таа е обвинета за сексуално малтретирање, а веднаш потоа во јавноста почнаа да пристигнуваат и други бизарни детали.
Кери Милер на судењето признала дека нејзините фотографии во долна облека му ги праќала на 23-годишниот Били Киј. Потоа дека имала односи со поранешниот дефанзивец 29-годишниот Рајан Остин, а на трето сведочење признала дека била во врска со 28-годишниот голман Стјуарт Томилинсон.
Томилинсон е, пак, приказна за себе. Кога не бил помеѓу стативите, работел како жиголо, понекогаш парите ги заработувал и како фотомодел, а по повредата на коленото заминал во САД за да си ја проба среќата како кечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.