Во Клиничкиот центар во Црна Гора се примени две малолетни девојчиња со исеченици по рацете, кои си ги направиле сами на себе во знак на протест за апсењето на пејачот Џастин Бибер.
Како што пренесуваат медиумите, малолетничките во болницата се примени на 25 јануари откако се приклучиле на бизарната акција во која фановите на тинејџерската ѕвезда се самоповредуваат.
Девојчињата имале неколку повреди на рацете, а по укажаната лекарска помош се пуштени дома.
На социјалните мрежи е покрената акција која се базира на самоповредување на неговите фанови.
Бибер неодамна беше уапсен поради поседување дрога и брзо возење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.